
Најпознатата спортска кола од островото најави дека ќе ја разоткрие и покаже на светот најновата верзија на моделот “F-type” кабриолет, најавен за парискиот саем на автомобили на 27 Септември…
Моделов првично ќе биде исфрлен како кабриолет, со можност за избор на два бензиски мотори, со моќност од 336 КС и 374 КС, со комплетно нов 3 литарски supercharger V6, како и друг подобрен модел на веќе постоечкиот 5 литарски supercharger V8.
Технологијата на Jaguar со осум брзински, автоматски менувач и таканаречената технологија „стоп – старт“, ќе бидат дел од стандардната опрема на сите модели на моделот “F-type”. За повеќе детали околу ова британско чудовиште, после парискиот саем.