Реклама
Престиж

Најдоброто од најдобрите: Mercedes-Benz SLS GT3

Реклама

Mercedes во кратко видео го покажа најновата ѕверка која излегува од погоните на фабриката во Stuttgart, со што ја одбележува 45 годишнината на моделот SLS GT3.

SLSGT3

Маркетинг

Одбележувајќи ја традицијата и производството на моделов веќе четири и половина декади, главните фаци од Mercedes-Benz за почеток, за загревање на вљубениците во (можеби) најдобрата марка за квалитетни автомобили, го објави видеото од специјалната едиција на спортскиот модел SLS AMG GT3.

alt

А дека станува збор за навистина лимитирана серија, говори податокот дека ќе бидат произведени само пет автомобили (опс, ур?!), кои ќе се најдат во гаражите на само исто толку поклоници на најпознатата германска марка за автомобили. А бидејќи ќе има само 5 вакви коли од иднината, треба да се напомене дека сите пет се изработени рачно (секој детаљ), во новоотвореното студио за дизајн во Италија, “Designo magno graphite matt paint finish”, a за пикантериите и орнаментите кои ќе ги надополнат деталите на ова прекрасно парче на модерниот германски инженеринг, е задолжен поранешниот шампион и сегашен амбасадор на AMG Brand, Бернд Шнајдер.

Маркетинг

Значи, оние пет среќници кои ќе можат да се пофалат со сопствеништво на оваа уникатна кола ќе бидат приватни колекционери од разни делови на светот. Специјално за нив, моделов првпат беше прикажан во живо пред неколку месеци на саемот за автомобили во New York.

Oва е вистинска машина за трки , чии делови (најголем дел) се направени од карбонски влакна, во нив влегуваат и одредени делови на ентериерот. За моќноста на движењето е задолжен 6.3 литарски V8 мотор, создаден по урнек на моторот кој го напојуваше минатогодишниот модел на Mercedes во Formula 1.

Цената, односно сумата на пари која што идните сопственици ќе треба да ја издвојат ќе биде 446 250 евра, со што ја добиваат и можноста да учествуваат во трките кои ќе бидат организирани по повод јубилејот од 45 години на моделот SLS GT3.

Погледнете како изгледа оваа перфекција преку фотографии и видео:

alt

alt

alt

{youtube}Ez6s-yKdB5Y{/youtube}

Поврзано

Back to top button