Престиж

Фото: Најбрзите коли на светот – Vol.1

Кога станува збор за коли и нашата пасија кон нив, еден од сегментите кој никогаш не може да се занемари и кој секогаш остава голем впечаток и трајни импресии, секако е брзината…

Покрај инјектираната доза на коктел од адреналин и тестостерон кои што ни го дава не лично и персонално ниво, брзината е и показател за моќта на машинеријата под хаубата и секако перформансите со кои располага моделот. Токму затоа ние и се решивме да ја направиме оваа листа на најбрзи автомобили за 2012, во која се надеваме дека ќе уживате.

Моментално Veyron Super Sport е најбрзата кола која излегува од продукција на пазарот – а ние ќе направиме една мала ретроспектива на претходните рекордери…

1. 282 km/h. Lamborghini Miura:

alt

Колава ја постави дефиницијата за изразот „„Суперавтомобил“ и во еден краток период беше најбрзата на светот, ’напојувана‘ со 3.9 литарски мотор.

2. 287 km/h. Ferrari Daytona:

alt

Претставен на светот во 1968 г.  за да ја надмине најголемата конкуренција на претходноспоменатиот модел Lamborghini Miura – држејќи се до потрадиционалниот предно поставен мотор.

3. 288 km/h. Lamborghini Countach LP5000S:

alt

Соседите на Ferrari од Lamborghini никако не можеа да се помират со одземената титула на најбрзи, па за кратко време го направија овој модел кој благодарение на цел еден километар се врати повторно на врвот. 

4. 303 km/h. Ferrari F40:

alt

Но на ’Црното коњче‘ не му требаше многу за да се врати на врвот. Моделот F 40 и официјално стана првата кола која што ја проби бариерата од 200 милј

5. 310 km/h. Ferrari 288 GTO:

alt

И кој би бил повторно на врвот, ако не Ferrari !? Моделов е базиран и направен врз основата од својот близок роднина 308GTB. За жал, GTO никогаш не беше испробан на трка, но во секој случај беше најбрзиот автомобил.

6.  321 Km/h. Porsche 959:

alt

Можеби технички најнапредниот хипер автомобил на својата генерација. Моделот 959 конечно ја потисна италијанската доминација во светот на брзината.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button