Реклама
Престиж

Mitsubishi – Еволуција или револуција?

Реклама

За оваа година инженерите од познатата јапонска фирма, на дваесет годишнината од првиот Lancer, го спремаат новиот ѕвер на култниот модел. Единаесеттиот Evo ќе биде сé она за кое од секогаш сме сонувале, а пари за истиот никогаш нема да имаме.

Маркетинг

Иако теоретски спаѓа во класичната македонска категорија „абе добро – и не е толку скап за таква кола“, Evolution е всушност автомобил од категоријата „толку близу, а толку далеку“. Бидејќи моделот X кај домашните велезастапници има цена од околу 2 460 000 денари, а и единаесетката се очекува да биде отприлика тука некаде. Накратко, ни фалат 40 000 евра за да си го оствариме овој ’влажен сон‘.

А за помалку или повеќе, новиот Evolution ќе донесе најмногу до сега во својата историја – затоа што конструкторите тврдат дека никогаш немало толку голем напредок помеѓу две генерации на Evolution. Модерниот изглед нема да им се допадне на ’чистите‘ поклоници на моделов (иако се сомневаме дека такви постојат во голем број кај нас), но основата е останата иста – 2.0 MIVEC турбо мотор со четири цилиндри и скоро со WRC сила, поголема од 300 КС. Овде е и интегралниот погон на сите четири тркала, со променлив AYC диференцијал со ’шминкерски‘ команди на воланот. Врвна механика, нова шасија тестирана на тркачки патеки и феноменална внатрешност. Зависта од околината е очекувана, како и нестручните коментари на големината на спојлерите.

Маркетинг

Доколку во градот оваа година видите бел EVO, со црни Speedline фелги и затемнети стакла, не прашувајте не од каде ни се парите за него – наш е и добивме на лото.

alt

alt

alt

alt

[issuu width=420 height=280 embedBackground=%238702b0 backgroundColor=%23222222 documentId=120308102057-a1d3c49c84a3411090e336248f289054 name=broj4 username=shoppingmk unit=px id=8cd1bb43-995e-00d1-af18-87d1c23ddaad v=2]

Разлистај го мартовското издание на ShoppingMagazine.mk
со едноставен клик на копчето EXPAND!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button