Реклама
Престиж

„Цело е кога има сé!“ – АUDI S6

Реклама

Новото Audi S6 ја менува незаситноста на неговиот претходник со V10 мотор, за скромен 4 литарски turbocharged V8 кој што ги комбинира силните перфоманси со економичност во потрошувачката на гориво – и сега прашањето кое се поставува е дали моделов може да испорача и возбуда достојна на своето реноме?!

Маркетинг

Легендарниот AUDI A6 се реинкарнираше во моменталната форма пред само нешто повеќе од година дена, па така сега дојде време за нова, ’жешка‘ верзија на истиот. Од новиот RS6 се уште нема ништо на повидок, но затоа излезе новиот S6 и веќе е во салоните низ светот и истиот има 4 литарски дупол турбо V8 мотор кој што до сега е веќе виден и кај Audi A8, како и кај последниот модел Bentley Continental.   

Секако, претходната генерација S6 користеше 5.2 литарски V10 мотор, потоа во модифицирана форма истиот или сличен се наоѓаше и кај AUDI R8 и Lamborghini Gallardo, но V8 кај новиот модел покрај одличните перформанси и силно темпо, тврди дека за дури 25% ја намалува потрошувачката на гориво.   

Маркетинг

Техничките спецификации гласат вака: Quattro трансмисија со погон на задните тркала, адаптација на воздушната суспензија, алуминиумска изработка на панеллите, гуми од 19 инчи, минимална емисија на штетни гасови на CO2 од само 1g/km и слични „ала Ал Гор“ карактеристики…

Можеме да ви кажуваме и други стварчици за овој прекрасен автомобил и да се правиме претерано паметни и да бараме влакно во јајцето, за тоа дека можело да се додаде или одземе што ти знам што и каде, ама бидејќи ние не сме такви tide asses, колава е идеална машина и за оние кои сакаат економично да уживаат во ’културна‘ вожња, но и за оние кои сакаат да се прават највечи шизици у маало и во неа да ги провозат сите девојки желни за автомобил со класично голем и убав менувач на брзини!  

alt  

alt  

alt  

alt

Врати се на првата страна.

Поврзано

Back to top button