Реклама
Престиж

Автомобил со најдоброто име – Nissan Pivo

Реклама

Не станува збор за првото пиво направено од познатата фирма за производство на автомобили, нити пак кола која ’оди‘ на пиво – едноставно луѓето решиле на овој начин да го освојуваат балканскиот пазар на автомобили!?!

Маркетинг

Изгледа дека ни тоа не е правата вистина. Nissan Pivo е концептуален автомобил, креиран од Nissan. Pivo прв пат беше претставен на саемот Tokyo Motor Show, во 2005 г. Во суштина претставува 360 степени ротирачка кабина со три седишта, но со четири тркала (е дури сега не разочараа) кој има за цел да ги редуцира или сосема поништи сложените ситуации кои се појавуваат при паркирање.

alt

Маркетинг

alt

Акумулаторот кој му дава напојување на моторот е од комбинација на Литиум и Јон, а футуристичкиот дизајн вклучува големи врати за полесен пристап до внатрешноста на кабината и огромна шофершајбна за да можат да ја возат и фаци кои носат ’тегли‘ со диоптер 110! Освен комплетно ротирачката кабина, Pivo го има и т.н. Nissan’s Around View Monitor System, кој само се надоврзува на констатацијата која што ја востановивме во претходната реченица. Сé со цел да се намалат blind spots – ите (области од патот кои не можат да се видат од позицијата на шоферот – посебно кога ќе се испие накое пиво повеќе), со тоа што се прикажуваат истите на мониторот што е монтиран во внатрешноста на автомобилот.

Pivo 2

alt

Две години покасно, во 2007 – та, главните фаци во Nissan дошле до епохално откритие дека има луѓе кои сакаат да испијат и по некое пивце повеќе од она што тие првично го замислиле, па така ја направиле втората варијанта на истиот модел, која што ја нарекле Pivo 2 (поднасловот бил инспирација од познатиот натпис од маичките – “Two Beer or not Two Beer”). Воланот е преместен на ротирачка капсула, која што му овозможува на автомобилот да може да се вози

во секоја насока. Заедно со ротирачката кабина, ова ú овозможува на колата да се придвижи странично на местотот кое што вашиот запиен ум ќе го одреди. Наместо конвенционално паркирање во паралела, тркалата едноставно ротираат за 90 степени и колата си влегува во паркинг просторот од страна (разликата од споменатото конвенционално паркирање и ова е исто како и во сексот – од мисионер поза, преминувате во ’од страна‘). Но, Pivo 2 за разлика од татко му има само една врата (предниот дел од кабината), што повторно им овозможува на патниците да влегуваат од било која страна и да посакаат.

Pivo 3

alt

И како врв на сé, само пред неколку месеци, Nissan го направија и Pivo 3, кое што повторно го презентираа на Tokyo Motor Show, во 2011. Овој концепт има едно седиште од напред и две од позади (што би се рекло – Doggy Style). Pivo 3 ја поседува најновата технологија Nissan’s Automated Valet Parking (AVP), кој што пијаниот возач самиот го зима од кафеаната и го носи до брза помош на инфузија. Таму го чека до изутрина кога ќе се освести и од горивото му прави расолница и му ја дава да се напие и освежи – што би се рекло, да почне од почеток.

alt

Но овие информации не одат во стандардните брошури за колата. Таму само пишува дека истиот систем  (AVP), овозможува автомобилот сам да се паркира и да се ’наполни‘ додека е паркиран на посебно за таа намена направени паркинг простори. Исто така, програмата сама бара слободно паркинг место, памети каде е паркирана колата и слично. Информациите кои ние ви дадовме во првиот пасус се Highly Confedential и како такви и ние им ги пласираме само на нашите верни читатели.

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Поврзано

Back to top button