Реклама
Престиж

Авомобил што оди на вода и по мраз

Реклама

Револуционерен модел на автомобил кој – како што кажува и насловот – се движи по вода, песок, мраз, а од доверливи извори разбравме дека го бива и за обичен асфалт….

Маркетинг

Станува збор за моделот на Volkswagen – Aqua, кој може да ја менува подлогата како што порно актер ги менува партнерките и развива максимална брзина од 100 километри на час. Делово е дизајнерски продукт на познатиот, млад дизајнер Yuhan Zhang (21 година) кој овој модел го има создадено за натпреварување и е спонзориран од позната германска фирма за автомобили, која за сега се уште јавно не истапува зад овој проект.

Автомобилов има два мотори и движечката енергија ја добива од хидрогенско гориво (какво што користат space shuttle-овите) кое што има НУЛА емисија на штетни гасови. Креаторот на ова ново чудо изјави: „Се надевам дека Aqua ќе стане автомобил достапен за сите и еден ден би требало да може да го поседува секој“.

Маркетинг

Сигурни сме дека истото го размислуваат и големите американски нафтени компании, додека ја гледаат листата на можни „механичари“ (од типот на Jason Statham во истоимениот филм) кои би „придонесле“ за што побргу појавување на моделов низ градовите во светот. 

alt

alt

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Поврзано

Back to top button