Кендал Џенер во овој фантастичен краток фустан ги остави сите без здив

Кендал Џенер VS Хејли Болдвин

Познатата манекенка Кендал Џенер заедно со нејзината блиска пријателка, Хејли Болдвин, се појави на презентацијата на новата колекција на британскиот бренд „Bruv Club“ што се одржа деновиве во Големото јаболко.

ADVERTISEMENT

Тие и двете носеа кратки фустани со сличен крој кој се истакнува со провокативна силуета и женствени карнери на долниот дел. Но за разлика од Хејли која носеше црно од глава до пети, Кендал избра фустан во портокалова нијанса кој дополнително се истакна поради сјајниот сатен од кој е направен. Во прашање е ефектен модел од популарниот либански дизајнер Николас Јебран,а убавата манекенка целото издание го „подигна“ со „nude“ сандали со опасни високи потпетици и ПВЦ детали од „Gianvito Rossi“ и децентна шминка сведена на „nude“ нијанси.

Па, која од овие две комбинации ви се допаѓа повеќе?

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed