Реклама
Uncategorized

Голема тага! Српската пејачка ја загуби најважната битка, почина на 41 година

Реклама

Српската пејачка Хариета Симиќ (41), чие уметничко име е Харина, почина во саботата. Харина починала во болница во Смедерево, по долга борба со ракот на дојката. Таа пред една недела паднала во кома, а вчера починала.

Хариета неодамна раскажа за својата тешка судбина и ги замоли сите луѓе со добра волја да ѝ помогнат преку Инстаграм доколку имаат можност.

– По операцијата кога ми ја отстранија дојката, одев на хемотерапии и ми рекоа дека сум здрава, меѓутоа, само два месеци подоцна отидов на контрола и докторката ми најде метастази на вратот – раскажала тогаш Хариета, која по операцијата почнала да добива различни симптоми, почнала да кашла и добила антибиотици.

Маркетинг

View this post on Instagram

Маркетинг

A post shared by Harijeta simic (@harina_official)

– Ништо не ми помогна, а потоа отидов на снимање на белите дробови и открија дека имам метастази насекаде по белите дробови. Се чувствувам како да имам еден тон на градите, тешко дишам – раскажала пејачката.

Хариета раскажала и дека се жртвувала за својот поранешен сопруг Владица, кој ја оставил седум дена по операцијата и ѝ соопштил за тоа преку видеоповик, што особено ја погодило во тој момент.

– За Владица многу се жртвував, му дадав злато од неколку илјади евра за да ги врати долговите. Ми даде и тој мене за лекови, но… Недолго потоа го продадов накитот за да може да ја плати киријата за станот и да купи нов камион. Сега, седум дена по операцијата и отстранувањето на градите, тој ми се јави да ми каже дека не сака повеќе да биде со мене и дека нашол нова.

Ми рече повеќе да не му се јавувам и дека ќе се ожени со таа девојка. Ме остави во најтешкото. Ме искористи и ме остави. Не можам да верувам што ми приреди, уште ме чекаат хемотерапија и зрачење, но тоа не го интересира – раскажала несреќната жена за „Блиц“.

Харита додека поминувала низ голгота со ракот, ги замолила сите жени и мажи да одат на редовни прегледи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button