Престиж

Хрватската електрична супер кола!

Станува збор за нов концепт, наречен “Rimac Concept One electric supercar”, која што се подготвува за настап на Salon Privé настанот…

Salon Privé инаку претставува настан кој се случува во Велика Британија (оваа година ќе биде 7 по ред) од 5-ти до 7-ми Септември, на кој се презентираат најпрестижните модели на спортски автомобили од целиот свет и на кој се присутни најголемите и најрафинирани индивидуални колекционери на спортски автомобили од целиот свет. 

Па така оваа година овде ќе се претставата и нашите ’соседи‘, Хрватите, со “Rimac Concept One electric supercar” кој најпрв пат беше претставен на саемот за коли во Frankfurt. Станува збор за автомобил дизајниран од вработенмите во престижното студио за спортски автомобили Pininfarina, а не моделов покрај хрватските стручњаци, имаат работено и специјалисти за автомобилски ентериер од Бугарија.

alt

Rimac тежи 1950 килограми и е на погон со мотор на електрично полнење, со акумулатор од 92kWh кој што на моторот му обезбедува неверојатни 1073 КС кои што продуцираат забрзување до стотка од само 2.8 секунди.

alt 

Продукцијата е замислено да биде лимитирана на само 88 примероци и тоа само одбрано друштво кое може да издвои околу 750 000 евра од џебот. Погледнете како изгледа овој хрватски продукт:

 
  

alt

Маркетинг

Поврзано

Back to top button