Реклама
Престиж

Porsche 911 GT2 RS против Ferrari 599 GTO – кој е подобар?!

Реклама

И ние како и остатокот од луѓето кои имаат посебен респеКАТ и мислење за врвните коли, честопати се запрашуваме која од нив е подобра, најдобра…Затоа овој пат решивме да направиме мало испитување, базирано на директна ’битка‘ помеѓу овие два големи соперника и да видиме кој од нив е подобар!?

Инаку, како што можете да претпоставите, на наше големо жалење (пред се за вас, а не за нас), не можевме лично и непосредно самите да ја направиме оваа споредба и да добиеме знаење и искуство од прва рака (како што тоа го правиме со жените во рубриката „Девојки од А до Ш“), туку ќе се послужиме со искуствата на наши ’блиски‘ луѓе. Па затоа…

Маркетинг

Значи, го имаме моделот на италијанската гордост Ferrari 599 GTO и германската перфекција во одделот на спортски автомобили, Porsche 911 GT2 RS. Што во слободен превод (за да буквално нé разбере секој) би значело дека на патеката во Nurburgring се среќаваат германскиот двоен turbocharger 611КС GT2 RS и италијанскиот V12 мотор со 661КС 599 GTO.

alt

Маркетинг

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/avto/7612-ferrari-protiv-porsche-koj-e-bolji?slika=1 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Фаците кои први дошле на оваа идеја, ги возеле моделиве цели шест месеца одделно и нормално, на крајот дошле до заклучокот дека најдобар начин да се прекине бесцелната вербална дебата и да се дојде до вистински заклучок кој е подобар, е трка на отворен пат.

Меѓу другото, овде станува збор и за испитување дали навистина моделите со мотор со заден погон (што е ознака и препознатливост за сите брзинци и спортски модели) е подобар од оној предниот (како што во случајов е на Porsche), рачниот менувач или само педалите и уште неколку други особини, препознатливи за овие два модела и воопшто спортските автомобили.

alt

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/avto/7612-ferrari-protiv-porsche-koj-e-bolji?slika=2 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Да прекинеме и да скратиме, заклучокот од тестот, односно своевидната трка и по влажен и по ’нормален‘ асфалт е дека сепак на крајот станува збор за личен вкус и заклучок кој делумно ќе биде објективен, делумно субјективен и подложен на персонални афекти. Тоа значи дека италијанската гордост, Ferrari-то на правите делови од патот е супериорно, додека на делот од патот каде што преовладуваат тесните и остри кривини, се добива впечатокот дека Porsche се снаоѓа нешто подобро. Претекнувањето во вакви услови за возење повторно оди на страна на германската прецизност, но затоа пак забрзувањето и опциите за контрола на брзината и отпорноста на надворешните не/прилики е на страна на Ferrari.

Значи, како краен заклучок можеме да кажеме дека што се однесува до моментот на ’приближување до границата на пробивање на звучниот ѕид‘, сепак Ferrari си е Ferrari. А доколку сте повеќе за нешто посекојдневна варијанта на Formula 1, во градски услови и на отворен автопат, Porsche-то е она со кое подобро ќе маневрирате.

alt

alt 

alt 

alt   

Што ќе кажете вие? Која од овие две убавици би ја одбрале, доколку некој ви ја свитка раката или пак ви стави пиштол на глава!? Гласај со Like или напиши го твоето мислење во коментарите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button