Реклама
Престиж

Екстра добри мотори (Vol.2)

Реклама

Во вториов дел припремивме податоци, спецификации и фотографии за уште три мотори, со кои и вас (како и самите себе) ќе ве измачуваме што тоа е единственото нешто кои што го имаме од нив.

Маркетинг

Освен ако не отидеме на ’гастербајтен‘ во Италија, како една третина од населението од државава, но си мислиме пак дека тогаш ќе нема кој да ви ги пишува глупостите кои што вие обожавате да ги читате, а преку кои ние животариме. Па така надежта ја усмеруваме кон мала адаптација на вицот на Гручо Маркс: „Би сакале да ослабите? Диетите не даваат резултати? Ви останува уште една надеж – реинкарнација!“ Значи, наместо зборовите диета и слабеење, ги ставаме мотор и возење – и тоа е тоа! Но да започнеме:

YAMAHA V-MAX 2007
Се зборува низ селото дека Yamaha за оваа 2012 година, спремаат ново издание на легендарниот мотор. Но додека истиот се појави, да се потсетиме на овој од 2007.

Маркетинг

alt

Уште на почетокот на истата таа 2007 на саемот за мотори во Tokyo, посетителите можеа со своите мали, жолти прсти да го допрат концептот на новата V-MAX, а потоа истите да ги стават во уста. А прашањето кое што сите тогаш ги измачуваше беше дали новата верзија на култниот power-cruiser навистина ќе биде налик на идејата која што на почетокот се појави само на слики !? Тогаш тоа не знаеја да го одговорат ни од Yamaha, а изгледа дека ни сега се уште не се сигурни, па затоа се уште бараат коментари од оние што го купија моделов на www.next-vmax.com. Па доклку сте еден од тие среќници, кажете им колку кубика, коња и се останато мислите дека треба да има новата верзија на V-MAX.

YAMAHA FZ 1
Ако моделов е во скеч на К-15, Ристо би рекол: „Блажо покриј лицето – иде гол мотор!“ Додуша постои и верзија со пристојна предна маска.

alt

Како моторциклот на фоткава би имал поклопен преден крај, би се викал FZ 1 Fazer. A кога на фотката не би имало ништо освен агрегатот, би се заколнале дека машинава е од R1, од серијата 2004/2005. Ваков каков што é, станува збор за FZ 1 naked од 2006, со 150 КС при 11 000 вртежи во минута. А згора на сé, овој модел не остана само како концепт – се уште веќе 5 години ве чека во салоните на јапонскиот производител и е најевтин од сите примероци во овој серијал: само 10 000 евренца!

APRILIA RSV 1000
Дали е подобро да си земеме CBR-ка, Ninja, R1 или GSX-R-ка? Ова прашање луѓето најчесто си го поставуваат…

alt

Бидејќи во редакцијата на Stipka.com.mk работат стручњаци за сé, често ни се случува луѓето да не запрат на улица и бараат совет од нас за купување на моторцикл. Кога станува збор за ’лежалки‘, во поголемиот дел случаи го препорачуваме преубавиот италијански црно – златен, 185 килограми тежок RSV 1000 Factory, со 143 КС при 10 000 вртежи во минута, а како накнада за советувањето бараме донација на црн дроб.

Излезе новиот Шопинг Магазин со Whitney Houston на насловната страна.
Читајте + слушајте ја I Will Always Love You преку нашиот FACEBOOK профил
»

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button