Реклама
Престиж

Ексклузивни црвени и сини mici…од MAZDA

Реклама

Има една народна поговорка која што вели: „Ако нешто е добро, не треба да се менува“. Но, Јапонците по обичај, имаат свое мислење за таа работа…

Маркетинг

EVOLVE RX-8 е првата службена еволуција на парадоксалното coupe на Mazda со четири врати. При правењето на новата генерација на овој модел, сите промени се имаат случено однадвор и во кабината, додека надалеку опеаната ситуација под хаубата останала недопрена. RX-8 Evolve беше изработен во лимитирана серија и нажалост никој од тие модели не се покажаа во нашите краеви, па така се си остана само на гледање пред монитор. А бидејќи станува за навистина квалитетен автомобил (иако стар веќе 5 години), не можевме да одолееме а да не напишеме збор, два за него.

Evolve се одликува со посебно црвени и сини бои, cooper red mica и phantom blue mica, кои во каталогот на Mazda го красат исклучиво посебно изведени атрибути. Љубителите на беспотребни информации ќе ги интересира и тоа дека беа произведени пет пати помалку blue микови, па со самото тоа беа и поексклузивни од црвените.

Маркетинг

Evolve го красат големи алуминиумски бандажи од 18 col-а, задолжени за преносот на сите 321 КС на подлогата. Посебност се и предните лампи од затемнето бистро стакло, аеродинамични ретровизори, многубројни детали до полиран алуминиум и специјално хромирани ауспуси за препознавање помеѓу ’обичните‘.

Сопатничките на среќниците кои го купиле моделов уживаат во спортските седишта во комбинација од кожа со алкантари, а нежните раце на шоферите знаат да ја цената кожата со која е обложен воланот, менувачот и рачната кочница. Цената на Evolve беше иста како и за обичниот RX-8, па така и не зачудува што веднаш беше разграбен. На германскиот и италијанскиот пазар се движеше од 33 000 до 35 000 евра, а според последните муабети што ги разбравме, оние сопственици на кои им поминал меракот после извозени 200 000 километри, го продаваат за некои си 7 – 8 000 евро бона. Па ако навистина ви се допаѓа моделов, побрзајте во најблиската кладилница, пошта или деловна банка, а претходно набавете си квалитетно црн чорап!

alt

alt

alt

Излезе новиот Шопинг Магазин со Whitney Houston на насловната страна.
Читајте + слушајте ја I Will Always Love You преку нашиот FACEBOOK профил
»

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button