Реклама
Uncategorized

Доверба – единствената потпора во секој брак или љубовна врска

Реклама

Секој однос без доверба може да се претвори во ноќна мора и да биде нездрав и токсичен.

ФОТО: zoosk.com

Љубовта е едно од најубавите чувства на светот. Но, постои и фактор кој гарантира долга и стабилна врска, а кој понекогаш е поважен и од самата љубов. Станува збор за довербата. Кога еднаш почетната заљубеност ќе биде заменета со стравови и сомнежи, врската ќе стане исцрпувачка. За да не се случи тоа, многу е важно да изградите однос полн со верба.

Довербата во врската подразбира верување дека вашиот партнер ви е верен и дека ви го сака само најдоброто. Со него треба да се чувствувате и емоционално, но и физички сигурни, баш како и тој со вас. Довербата значи дека во врската очекувте доверба, верност и искреност. Очекувате партнерот да се држи до ветувањата, да ги чува вашите тајни и да ве поддржува кога работите нема да бидат најдобри. Од друга страна, довербата значи и вие да го разбирате вашиот партнер и да се подготвени да му простите ако прекрши некое ветување или договор. Довербата е потребна од двете страни, никако само еднострано.

Маркетинг

Иако, можеби мислите дека љубовта е најважниот дел од врската, не занемарувајте ја важноста на довербата. Обидете се да замислите брак или врска каде што не постои таа. Тука се губи мирот, а сомнежот станува се’ поголем…

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button