Диети

Диета со брокула – ослабете до 9 кг за 10 дена и зајакнете го имунитетот

Реклама
Реклама

Со оваа диета можете да се ослободите од 7-9 килограми за 10 дена!

Планот за исхрана е поделен на пет дела по два дена во кои се јаде иста храна. Главните денови на диетата во кои се губат најмногу килограми се првите 6 денови, додека останатите 4 се додаток.

Маркетинг

Намирниците вклучени во диетата се одличен извор на витамин Ц кој го забрзува метаболизмот и го поттикнува слабеењето. Брокулата е многу богата со витамини и минерали. Содржи големо количество на калциум кој игра важна улога во слабеењето.

Во текот на диетата може да се пие обична и кисела вода, кафе и чај без шеќер, и понекогаш млечни напитоци со ниска масленост. Диетата со брокула содржи намирници кои ќе ви помогнат да ослабите, но и да го зајакнете имунитетот, за разлика од другите диети.

Маркетинг

ПЛАН ЗА ИСХРАНА

ПРВ И ВТОР ДЕН

Појадок: 200 гр. варена брокула со сол, црн чај без шеќер
Ручек: 150 гр. варено пилешко, 250 гр. малку посолена пилешка супа и 100 гр. варена брокула со сол
Вечера: 250 гр. варена брокула со сол и црн чај без шеќер.

ТРЕТ И ЧЕТВРТ ДЕН

Појадок: динстана брокула (200 гр.) на маслиново масло, со додаток од пиперка и лук
Ручек: динстана брокула (150 гр.) на маслиново масло со домати и кромид
Вечера: исто како појадокот.

Ова е најдобрата детоксикација– истопете ги килограмите со јаболков оцет!

ПЕТТИ И ШЕСТИ ДЕН

Појадок: салата од брокула, кисело млеко со ниска масленост и варено говедско месо. Се вари 100 гр. говедско месо, се додава 100 гр. исецкана брокула, 2 лажици кисело млеко и малку сок. Испијте и една чаша кефир со ниска масленост за целосен оброк.
Ручек: 200 гр. обарена брокула со сол
Вечера: 150 гр. варено говедско месо, малку посолено, и една чаша обична вода.

СЕДМИ И ОСМИ ДЕН

Појадок: 100 гр. варена брокула, 2 меко варени јајца, црн чај без шеќер
Ручек: супа од брокула – во 300 мл. пилешка супа се додава 100 гр. брокула, магдонос и малку сол и се вари на тивок оган дваесетина минути.
Вечера: 2 парчиња ржан леб, еден домат и 100 гр. варена брокула, една чаша сок од домати.

Сонома диета – совршен струк, добро здравје и повеќе енергија за само 10 дена

ДЕВЕТТИ И ДЕСЕТТИ ДЕН
Појадок: 100 гр. варена брокула со сол и два варени моркови
Ручек: 100 гр. варена брокула со сол и 100 гр. каква било риба (варена или печена)
Вечера: 200 гр. варена брокула со сол и еден варен компир.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button