Престиж

C – BUGGY изразито прозрачен!

Уште еден концепт, сличен на оној на Toyota без врати и сé останато (види повеќе на крајот од текстот), само овој пат од Citroen, наречен концепт C-Airplay, кој што нема ни кров, ни шајбна, ни прозори!

Моделов е од 2007 –та, но ете ние сега се сетивме да напишеме нешто за оваа луцкаста лудорија на Французите!. Погонот му го дава нов HDI дизелаш со 174 КС, кој што во сериското производство се користи за C5, па нов 6 брзински секвенцијален менувач за престижниот С6. И сето тоа збутано во отворена каросерија, трендовски лишена од сите сигурносни додатоци како кров, шофершајбна и прозори, но затоа има широко раздвоени тркала, проѕирни делови од вратата и заштитено подвозје за off road задоволства.

alt

Иако моделов никогаш не влезе во сериско производство, сепак послужи како платформа за истражување на сегментите за малите SUV возила кои што Citroen почна масовно да ги ’штанца‘ последните 3, 4 години.
  

alt  

alt

Текст за Тoyota – Флезејте си вратата е отворена!

Маркетинг

Поврзано

Back to top button