Престиж

BMW C.L.E.V.E.R. – мнооогу паметен

Баварците ’спискаа‘ 3, 3 милиони евра на развојот на еколошки освестените потрошувачи на нивниот продукт, која наместо на скапа арапска нафта, оди на руски плин.

Вашата поубава половина ќе знае го цени цехот од 8 000 евра кој што ќе го ’спичкате‘ за BMW  C.L.E.V.E.R., наместо за нејзините  шопингохоличарски барања по белосветските престолнини. Малиот двосед е првиот трицикл на баварскиот производител, а за погон користи плин.

BMW  C.L.E.V.E.R. е пред се ориентиран на возење за низ град, а брзото маневрирање му го овозможува спој од моторциклистички и автомобилски пренос кој автоматски ја потегнува каросеријата при секое вртење со управувачот.

Опремен e со мотор со силина од 17КС, се движи со 80 km/h и троши едвај 2,7 литри плин на 100 километри.

Моделов излезе во 2006 година и бележи импресивни и оптимистички резултати во продажбата во целиов овој период, на жалост во нашата ни Мкд. оваа глетка се уште ја немаме видено……

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button