Реклама
Престиж

Бетмобил со македонски дизајн

Реклама

„Моделот Ankonian на Lamborghini изгледа како една многу налутена машина и е најблиското нешто во реалноста до легендарниот Batmobile на суперхеројот од стриповите.“ Ретко кој може да помисли дека може да ја има оваа ѕверка во својот возен парк, но легендарната италијанска марка за автомобили ја има приближено оваа идеја до опиплива ствар, поавтентично од било кој друг.

Дизајнот е на македонскиот студент Славче Таневски (кој се школува на универзитетот во Минхен) во 2009г. и оваа bad boy кола изгледа како навистина да излегла од мрачните пештери на „темниот витез“. Има заден дел кој е отстапува од традиционалниот изглед на Lamborghini , тесно тело и комплексна естетика, мешана со комбинација на меки и аглести површини. Оваа машина е предлогот за првиот хибрид на познатата марка за луксузни автомобили и треба да излезе на пазарот во 2016 година. Повеќе детали и специфики сега за сега се уште не се откриваат.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button