Престиж

Конечно: автомобил кој навистина лета!

Terrafugia е името на компанијата која одамна го развива концептот на летечка кола, за која се планира да полетува и се спушта како хеликоптер.

letaci1

Името на моделот а Terrafugia TF-X која ќе има еден дополнителен ротирачки мотор со кого ќе лета и кому нема да му биде потребна посебна писта за полетување и слетување. Ова според луѓето од компанијата е многу важно, затоа што поентата обичните луѓе да имаат автомобили кои летаат не е да одат до пистата на локалниот аеродром, или пак од таму да се враќаат со обичната кола. Овде станува збор за кола за сите услови.

letaci2

Летечката кола Terrafugia има труп на авион со четири тркала на дното, со подвижни крилја од страната на кои се наоѓаат ротирачки мотори кои се поставени вертикално кога треба да полета, за да потоа се наместат хоризонтално за време на летањето. Но самиот пилот е оној кој одлучува кога крилјата ќе ја променат позицијата, во зависност од тоа на која висина сака да је најде, пред да започне да лета хоризонтално.

Колата претставува хибрид кој користи гасни турбини за полетувањето и самиот процес на летање, додека за движење по земјата работи на струја.

letaci3

Иако автомобилов навистина остава впечаток на возило на иднината, се уште не треба да ги фрлате вашите ’обични‘ возила, затоа што додека се појави во сериска продукција на пазарот, се очекува да поминат барем 10 години, а не се знае ни каква би му била цената.

{youtube}bp2TWNpTA7s{/youtube}

Маркетинг

Поврзано

Back to top button