Престиж
Антагонист – луксузен глисер, произведен во Србија !

Српската компанија Art of Kinetik направи 11,2 метри луксузен дрвен глисер, кој достигнува брзина од 42 чвора…
Оние кои го ’подигаат‘ и му даваат сила на „Антагонист“ се два Yanmar 8LV-370 агрегати, местата за седење се облечени во Xtreme Martimo кожа, а под палубата се наоѓа простор со купатило и работно биро.
Бродов е направен од цврсто африканско махагони дрво, а доволно е голем за осум луѓе комотно да функционираат во него.