Golf е “Автомобил на годината за 2013/14 година” во Јапонија. За прв пат во 34 годишната историја на овие награди странски автомобил ја однесе победата пред локалната конкуренција.
Golf е првиот автомобили од увоз кој да освоил најважната јапонска награда
Особено беше импресивен резултатот од гласањето на стручното жири составено со 60 члена. Најновата генерација на Golf , која се појави на пазарот во Јапонија на 25 јуни, освои 504 од можни 600 поени – со тој резултат Golf постави нов рекорд. Автомобилот имаше 131 поен повеќе од второ пласираното возило и 337 поени повеќе од автомобилот кој се најде на третото место.
“Ние сме среќни што Golf е првиот автомобил од увоз кој победил во 34 годишната историја на наградите “Автомобил на годината” во Јапонија. Оваа награда е посветена на сите оние кои го поддржуваа Volkswagen во Јапонија во изминативе 60 години”, изјави Шугеру Шои, претседател на групацијата Volkswagen – Јапонија.
Образложувајќи ја својата одлука, жирито го истакна значењето на новата MQB платформа која е главна предност на новиот Golf 7: “MQB платформата е основа за прецизно ракување, одлични возни својства и задоволство при возењето” соопшти жирито. Дополнително одличната безбедност, јасниот и чист дизајн, високо квалитетните материјали и TSI моторите со беспрекорни перформанси се уште некои од карактеристиките кои придонесоа автомобилот да ја освои престижната јапонска награда.
Германскиот број 1 има одлични резултати, 504 од 600 поени – тоа е нов рекорд
Севкупно, наградата “Автомобил на годината за 2013/14” во Јапонија, која ја освои Golf 7, сега е на врвот на листата на престижни награди. Наградите “Европски автомобил на годината за 2013 година”, “Светски автомобил на годината за 2013 година” и “Златен волан за 2013 година” го потврдуваат квалитетот на најуспешниот германски автомобил кој некогаш бил произведен. Високи признанија за бестселерот се и наградите: “ACVmobil Umweltpreis (ACVmobil награда на животна средина) како и “ADAC Еко наградата.
Безвременскиот дизајн, од друга страна, беше награден од жирито на германскиот совет за дизајн. Драгоцени се гласовите на читателите со чија помош автомобилот ги освои наградите: “Авто Трофеј (според изборот на читателите на Auto Zeitung) и “Најдобар Автомобил” (според изборот на читателите на auto motor und sport). На крајот, но не и помалку важни, се петте ѕвезди од Euro NCAP за врвното ниво на безбедност.