Audi воведува ексклузивна специјална верзија од својот знаменосец А8 Audi Exclusive со W12 мотор со 500КС /368 kW модел кој ќе биде произведуван во quattro GmbH фабриката во Некарзулм.
Малата производна серија, закажана за март 2014 е строго ограничена на 50 примероци.
Дури и стандардната верзија на знаменосецот Audi А8, импресионира со своите бескомпромисно високи стандарди во изработката. Кабината на ова ремек дело може да се доживее со сите пет сетила. Брендот Audi овој модел сега го носи чекор понатаму со изработка на лимитираната серија А8 Audi Еxclusive, модел со W12 мотор кој е достапен само кај подолгата А8 верзија.
А8 Audi Еxclusive може да се пофали со особено елегантен ентериер . Audi користи анилин кожа во Агата коњак боја. Произлезена од долгата традиција на италијанскиот дизајнер и производител на мебел Poltrona Frau, кожата е особено мека и има природен изглед. Централните делови на седиштата имаат дијамантски штеп. Гравурата е изработена од маслиново дрво со природа сиво кафена боја.
Кожата е од италијанскиот дизајнер и производител на мебел Полтрона Фрау
Внатрешните линии се нијансирани во сиво кафена боја како и шевови и централна дипла на седиштата. Гранитно сивата нијанса може да се види и на управувачот, на вратите и во горниот дел на инструмент таблата, која е покриена фина Nappa кожа. Кровот е обложен со снег бела Alcantara, полиците со коњак кафена Alcantara а патосниците се сиви.
Од А8 Audi Еxclusive ќе се произведат само 50 примероци, а секое возило ќе има посебно лого на прагот.