Сами по себе, малите промени кои треба да се воведат не изгледаат така драстични. Но, кога полека се усвојат повеќе нови работи и ќе се применуваат секојдневно цела година, резултати се извонредни.
Секоја промена се воведува поединечно во текот на две недели. Другата навика започнете да ја усвојувате дури кога претходната ќе ја прифатите (не бидете перфекционисти, дозволени се мали грешки и отстапувања):
1. Јадете пополека – размислувајте колку долго ја џвакате храната и полека ја голтајте.
2. Јадете риба барем два пати неделно и земајте омега – 3 масни киселини.
3. Вежбајте кардио вежби како што се трчање, пливање, возење велосипед или брзо одење, барем три пати неделно по најмалку 30 минути.
4. Престанете да јадете кога ќе се почувствувате 80 % сити.
5. Со кардио вежбите воведете и вежби кои ќе целат на одредена група на мускули и вежбајте ги по 15 минути, 5 пати во неделата.
6. Јадете зеленчук со секој оброк – појадок, ручек и вечера – секој ден!
7. Јадете овошје секој ден.
8. Секој ден одмарајте барем 20 минути.
9. Вечерата да не ви биде подоцна од 19 часот, нека биде умерена, и потоа веќе не јадете ништо.
10. Слатки – колачи, сладолед, кекси, чоколадо – јадете максимално два пати неделно. Кога ќе ви се јаде благо, изедете некое овошје.
Едноставно изберете некоја навика и применувајте ја секојдневно најмалку две недели. Не грижете се за ништо друго од листава. Фокусирајте се на таа нова навика. После две недели, воведете друга. И така по ред.