Познатиот модел на Mercedes SLR, доби нова, унапредена верзија, во која уште повеќе се акцентирани врвниот луксуз и најнапредна технологија и кибернетика во случајов…
Компанијата Mansory Design & Holding GmbH, која се бави со екстравагантен и модерен дизајн, во текот на минатата година работеа на проектот наречен едноставно “SLR”(според моделот нели…), и сега дојде времето да се претстави на светот оваа напредена и луксузна верзија на Mercedes-ов.
Познатите тјунери од споменатата фирма која работеше на автомобилов, претходно го претстави SLR-oт во златна и бела боја, но сега отидоа чекор понатаму и го облекоа целото возило со двобојни карбонски влакна.
А како што тоа обично бива со Mansory Design, овде е и техничкото засилување на изведбите на моторот на дури 700 КС во дует со 880 Nm момент на вртење.
Но, да не го ’тапиме‘ многу со лингвистички тривијалности, да се префрлиме на поинтересниот, визуелен момент од целиов овој пост, па и да напишаните зборови од погоре добијат некаква смисла, зарем не ?!