Љубителите на G класата можеби нема во потполност да се сложат со новиот дизајн на неодамна претставениот модел на саемот за коли во Los Angeles.
Футуристичкиот Mercedes има погон на hydro-tech конвертер и два пара електромотора. Овде е исто така е и Terra-Scan технологијата и системот за кровот, како и два пара електромотори кои го прегледуваат и снимаат теренот и истовремено го спремаат и подготвуваат шоферот на условите за возење.
Како љубителите на новодизајнираните автомобили ќе го прифатат новиов Мерцедес ќе видиме кога истиот ќе започне со стандардно сериско производство.
А за тоа дали ќе доживееме да го видиме и по нашите патишта, ние ексклузивно можеме во овој прилог да ви ја откриеме веста дека нашата полиција има порачано, 2 – 300 парчиња од овој модел за на пролет, за подобро справување и разрешување на комплексните ситуации и сценариа кои би можеле да произлезат за време на наредните избори (или нешто во тој стил…). Единствена разлика помеѓу оние кои ќе ги вози нашата полиција и цивилниов модел кој што и вие би можеле да го имате во својата гаража е електронскиот показател за земјени мини и подесувањето на топлотниот воздушен ефект на возилото за одбрана од ѕољи и сл.
Како и да е, уживајте во галеријава од најновиот Mercedes SUV.