Веќе влеговме во четвртиот месец од оваа година и мислиме дека е крајно време да го презентираме најдоброто од луксузните, спортски автомобили, кои што ние еден по еден ги откривавме во изминатиов период.
Па така решивме да ви ги прикажеме петте спортисти за кои сме сигурни дека и кај некои од вас ќе се најдат на листата на желби за остварување за оваа година:
Aston Martin 2014 AM 310 Vanquish
Новиот АМ 310 Vanquish комбинира 6.0 литарски V12 мотор со Touchtronic 2 6 – брзински, автоматски менувач. Од 0 до 100 km/h му требаат 4.4 секунди, а максималната брзина му е 300 km/h.
Цената на овој Aston Martin е 189 995 фунти.
Mercedes 2014MY SLS AMG Black Series
Peti Black моделот има 6.3 литарски V8 мотор со сила од 622 КС и 7 400 Nm момент на вртење.
До стотка качува за само 3.5 секунди, а максималната брзина му е нешто повеќе од 315 km/h.
Lamborhini Aventador LP700-4 Roadster
Aventador Roadster има 6.5 литарски V12 мотор со сила од 700 КС.
Максималната брзина му е дури 350 km/h, a цената му е вртоглави 300 000 евра!
Jaguar F-TYPE Converible Sports Coupe
Луксузниот производител на автомобили најави нов двосед кабриолет на минатиот саем за коли во Париз.
Долгоочекуваниот наследник на E-Type е тежок само 1 597 килограми, благодарение на алуминиумската monocoque конструкција.
Lyonheart K
Lyionheart K е ексклузивен ретро спортист, произведен во само 250 примероци.
Под хаубата се крие 5.0 литарски V8 мотор со сила од 567 КС и 516 Nm момент на вртење.
Максималната брзина му е 300 km/h, а цената му изнесува 495 000 евра!
Ај на здравје…