Реклама
Престиж

2012 Porsche Boxster – чиста перфекција

Реклама

Ако некогаш бил направен автомобил која што влегува во палетата на ’истенчен вкус‘ кај сите, што одговара и на мажи и жени, кој што прилега на секоја улица, секој автопат, тогаш тоа мора да е овој модел на познатата германска фирма за спортски коли…

Станува збор за новата, трета генерација на модели на Porsche Boxster 981, кој што е замена за моделот 987. Работи на 2.7 литарски рамен мотор и која чини над 40 000 илјади евра, за кои овој пат ќе мора да напомене ’за сериозно‘, дека секој што ќе ги даде, ќе може да се пофали дека паметно ги потрошил.

Маркетинг

Иако мислиме дека нема потреба да ве давиме со технички детали кои што нема да ви кажат нешто ново за квалитетот на моделов, сепак за зависниците од добри автомобили да не ни замерат, ќе ви ги наброиме најважните спецификации.

alt

Маркетинг

Мотор е мааалку помал од стандардниот од 2.9 литри кој што до сега беше основа за моделите на Boxter, но затоа пак е помоќен за цели 55 коња и сега има силина еднаква на 261 расен четвороножец. Ги поседува сите (веќе) стандардни карактеристики за мала емисија на штетни гасови и сл, има сопирачки направени од керамика, го има вградено таканаречените системи “active suspension management” и “power steering plus” – за кои имаме пишувано што и како се кај Porsche, па така сега и на себе и на вас ќе си олесниме и нема да го дужиме на таа тема.

Оние кои што го ’испробале‘, велат дека е направен за да лесно се вклопува со околината за време на возењето и веднаш се чувствува порафинирана изработка во однос на претходникот.

Што во превод би значело, доколку возејќи со претходниот модел, типот/типката кои што ве избегавале и се правеле п@#¢ξи – амерички кога сте свиреле по нив претходниот пат, сега сами ќе ви дојдат на тацна и ќе јадат што и да им дадете од рака.

Затоа, ајде на арбајтен да направиме некоја пара и после сите да уживаме во благодетите кои ги носи со себе новото Porsche Boxter.

alt 

alt 

alt

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button