Реклама
Престиж

Некој ги следи сите што симнуваат филмови од интернет

Реклама

Секој што „симнал“ пиратска музика или видео, користејќи БитТорент, најверојатно неговата IP адреса веднаш ќе биде испратена до компанијата што ги заштитува авторските права на тој материјал.

Маркетинг

Ова го кажуваат компјутерските експерти на конференцијата SecureComm која се одржа во Италија, каде Том Чотиа, експерт за компјутерска безбедност и неговите колеги од Универзитетот Бирмингем, го откриле ова масовно набљудување на БитТорент сајтовите за симнување, како што е на пр. PirateBay. Според нив ваквото надгледување трае повеќе од три години и само прашање е на време кога овие податоци ќе бидат употребени за нешто.

БитТорент претставува протокол за дистрибуција на податоци, која што најпрво ги разделува фајловите на голем број мали делови и ги става достапни на голем број „пријателски“ сервери. Лаќниот сервер се однесува како дел од овие „пријателски сервери“, а всушност служи за прибирање на IP адресите на оние што симнуваат од овие сервери.

Маркетинг

„Откривме вакви лажни сервери, набљудувачи во првите топ 100 торенти во моментот кога баравме, што упатува на заклучокот дека овие компании кои стојат зад ова, најмногу го следат популарните содржини во моментот. IP адресите на оние што симнале музика или филм, од сервер кој е надгледуван, ќе остане во нивната база“ – објаснува Чотиа.

ЕКВ – Неко нас посматра

{simplepopup}

{/simplepopup}

{youtube}9CWtMDMGZXM{/youtube}

Доколку се земе предвид масовноста во употребата на БитТорентите, станува нејасно што ќе прават со IP адресите оние коишто ги собираат истите и каков е нивниот план за во иднина. Дали тие во некое идно време планираат да поднесат тужби до сите оние што некогаш симнале музика или филм, или пак тоа го прават само за реално да се согледа големината на овој проблем, за сега никој со сигурност не може да каже. Но, сепак, Чотиа додава дека доколку се работи за тужби, големината на овие докази не е доволна сама по себе, и таквото нешто на суд нема воопшто да држи вода.

Извор. Телеграф.рс

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button