Бидејќи прекрасните и брзи коли не се малку и кога изборот би го стесниле само на оние кои нам најмногу ни се допаѓаат, листата би била некомплетна. Затоа овој втор дел ни доаѓа како природна конјункција на она што постои надвор на пазарот.
Во текот на изминатите 50 години, спортските автомобили го направија преминот од масивни, до минималистички концепти на брзински чудовишта. А тоа никаде не е поочигледно, отколку кога кога ќе фрлите поглед на рекордерите уште од првиот суперавтомобил, Lamborghini Miura кој развиваше „само“ 265 km/h. во далечната 1966 година, па до неверојатните 440 km/h. колку што ги достигнува неверојатниот Veyron SuperSport денеска.
Значи, продолжуваме онаму каде што застанавме во првиот дел со ова неверојатно патување помеѓу овие две епохи…
7. 344 km/h. Bugatti EB110 GT:
Честопати забораван, quad-turbo EB110 GT моделот на Bugattu ја симна од тронот F40 – ката, но неговото владеење беше кратко…
8. 351 km/h. Jaguar XJ220:
Конечно и вечно незадоволните и егоцентрични англичани можеа да се пофалат со прво место во светот на брзината. Со turbocharger верзијата на Metro 6R4’s V6 моторот, XJ220 не беше баш онаков каков што се очекуваше да биде, но во секој случај се искачи на врвот.
9. 400 km/h. McLaren F1:
Зачната од Gordon Murray и изградена од McLaren за да биде најдобрата и најбрза кола на планетата, користејќи карбонски влакна, кевлар и титаниум.
10. 417 km/h. Bugatti Veyron:
После повеќе од пет години работа и развој, Veyron – от стана првиот автомобил кој што ја надмина и бариерата од 250 милји.
11. 422 km/h. SSC Ultimate Aero TT:
Водејќи жестока битка со Bugatti, Shelby Super Cars создадоа мотор со моќност на 1 183 КС, со дупол турбо, Ultimate Aero.
12. 440 km/h. Bugatti Veyron Super Sport:
’Рикајќи‘ со сила на 1 183 коња, Bugatti ја поврати титулата во 2010 година, која што се уште ја држи со сите четири тркала.