Новиот и подобрен BMW од серијата 7, добива поекономичен мотор и екстра ’прибор и опрема‘ , но сепак се уште не е кола која ќе ги предизвика автомобилските ентузијасти…
Новата верзија на BMW од познатата серија на „7“ која што е една од најпродаваните на глобално ниво, со над 200 000 продадени примероци, добива нова верзија, пред се поради големата побарувачка од Русија и Кина.
Сигурно нема да ве изненади тоа што во само малку изменетиот модел за око, има големи подобрување во машинскиот оддел кај серијата 7 – и техничките лица од баварскиот производител тврдат дека потрошувачката на гориво е намалена за цели 25%. Рангот и опсегот на моделите во однос на силината и големината на моторот оди од 258 КС кај 730i, па се до монструозните 544 коња кај верзијата 760i, напојувана од дупол turbocharger V12 мотор. Дизел верзиите исто така имаат различен опсег на моќност од 258 КС кај 730d verzijata, pa se 381 KS кај 750d xDrive.
Резултатот од сиве овие промени се извонредните перформанси кај моделов, како и забрзување од 0 до 100-ка за 4.8 секунди, кај моделот 750i со дуплиот turbocharger V8 мотор. Впечатокот на оние кои го имале тоа задоволство да го испробаат е дека и покрај неоспорните квалитети кај перформансите, му недостасува онаа емоционална врска помеѓу возачот и машината. Се добива впечаток дека за да ги уживате сите комодитети на овој прекрасен модел, сепак повеќе ви треба шофер.
Така барем велат врвните експерти, а екстра познавачите како нас ќе додадат дека единствено нешто што му фали на овој Баварец е една Баварка со плава коса и репчиња на косата ’ала Црвенкапа‘, нешто како оние кои се хостеси на пивските фестивали, па за тогаш да можеме да кажеме дека „цело е кога има сé!“. Нели?
Впрочем, погледнете и уверете се и самите: