Porsche го открива најновиот модел од сегашната генерација на 911 Carrera 4 и моделот 4S, пред и официјално да биде промовиран на парискиот саем за автомобили на 27 Септември.
Се претпоставува и очекува ова ново мало задоволство на четири тркала да биде пуштено на пазарот во текот на месец Декември, а цената ќе му биде околу 90 000 евра!
Во системот на колава е вграден новиот систем за управување, наречен all-wheel drive system (за кој имаме пишувано), но со посебна и уникатна надградба на самиот производител наречена ‘Porsche Traction Management’ за која само се говори дека ги овозможува бенефитите што ги имаат возилата на погон на четири тркала, кај оние (поточно кај ова) кое нормално е на заден погон.
Во однос на претходниот модел забрзувањето е подобрено од 4.5 секунди на 3.4 – добар дел од оваа погодност се должи и на тоа што моделов цели 65 килограми полесен од претходниот. А како уште еден бенефит се наведува и заштедата на гориво за цели 16%.
Силината на моторот V8 е од 395 коња, а уште од самиот старт на продажбата ќе биде достапен и во кабрио верзија, како и со класичен тврд покрив, а сите модели ќе бидат управувани со мануелен седмобрзински менувач.