McLaren го покажа новиот 12C Spider, што всушност му доаѓа нова верзија на постоечкиот Ferrari 458, со примеси на MP4 – 12C Supercar.
Исто како и 458-цата (со која го дели и името), 12С користи и исти тврд кабрио покрив, наместо претходно познатиот, направен од платно.
Покривот се собира при брзина од 50 km/h. и сето тоа го прави за 17 секунди. Како и многу други конкуренти на Supercar, постои заден ветробран, кој што може да се подига кога кровот е отворен, за да се зголеми резистентноста на ветрот, или пак да се спушти кога кровот е горе. Постои и систем за заштита на горниот дел, точно позади седиштата над главите на патниците, направени од цврста челична конструкција.
Целиот овој механизам додава екстра 40 килограми на целокупната тежина на 12С, со што истиот достигнува 1474 килограми – но сé друго го прави исти како и неговиот Coupe брат. Што во превод би значело двоен turbo од 3.8 литри V8 мотор, со силина од 616 коња, а задниот погон се управува со двоен секвенцијален менувач од 7 брзини.
Од 0 до стотка оди за 3.1 секунда, до двесте на саат за 6.1 секунда, а најголемата брзина му е лимитирана на 336 km/h. Наместо фотографии, овој пат се решивме да ви покажеме преку видео како изгледа оваа перфекција во движење на четири тркала, чија почетна цена се очекува да биде 250 000 евра.
{youtube}LrPpxwYcFMM{/youtube}