Реклама
Престиж

Внесете свежина во автомобилот и на + 40

Реклама

Воопшто не е лесно да ја одржите свежината во вашиот автомобил кога надвор температурите се бетер од оние во Африка, а вие треба во попладневните часови да патувате.

Маркетинг

Но, затоа постојат неколку тинти-ри-минти-финти кои можат многу да ви помогнат во тоа.

Маркетинг

 Миризлива сол за бањање 

Ставете неколку лажици миризлива сол за бањање во цедалка за чај и посипете ја во багажникот. На овој начин секогаш кога ќе ја отворите вратата од автомобилот ќе почуствувате свеж зрак, за разлика од претходно.

 Спакувајте го вашиот домашен мирис 

{simplepopup}

{/simplepopup}

Земете ја вашата омилена свеќа што мириса, иситнете ја на ситни парченца и заедно со листови од лаванда ставете ја во мала тегличка. Поклопецот на тегличката избушете го како би можел да ја пропушта миризбата. Од овие дупчиња треба да се шири пријатната миризба во автомобилот па затоа тегличката држете ја во ваша близина додека возите.

 Тревки 

Розмаринот и босилокот наместо да го сушите дома, замотајте го во хартија и ставете го на задното седиште во вашиот авомобил да се исуши. Ќе добиете пријатен мирис кој ќе ви помогне да се соочите со неподносливите температури.

 Лимунизирајте 

Исцедите лимун во стаклено шишенци и додадете му малку миризливо етерично масло. Ваквата течност прокапете ја врз теписите во вашиот автомобил, и тоа правете го секогаш кога миризбата ќе изветрее. Ова може да го правите преку цело лето, со што вашето летно лудување може да биде многу подобро. Пробајте!

 Напомена 

Доколку автомобилот не е ваш, туку на вашиот партнер, тогаш во никој случај не кажувајте му дека сте ставиле морска сол во неговиот ѓепек, дека носите тревки на задното седиште и дека со лимунот сте капнале на теписите. Во спротивно, може да се случи да дојде до некое недоразбирање, за кое што не сакаме да бидеме виновни!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button