Нов пар, на модифицирани и осовременети модели на познатата Toyota GT 86 , ќе бидат направени и ќе се појават на фестивалот Goodwood Festival of Speed во Германија…
Станува збор за модели специјално направени за оваа прилика, кои инаку нема да се појават никаде и на ниеден пазар, но ние бевме на мислење дека тоа не е причина да не ви ги покажеме овие два прекрасни модела и да напишеме и по нешто за нив.
Првиот модел е правен ексклузивно во фабриките во Велика Британија, од официјалната куќа на Toyota за модификации, додека вториот е малку посилна варијанта на силниот 315 ’коњски‘ модел, верзија со двоен turbocharger мотор од фирмата Gazoo Racing.
Првиот модел, наречен TRD ќе добие сила од екстра 10 КС благодарение на издувниот систем и специјален ауспух и филтер кој пропушта слободен проток на воздух. Другите надградби вклучуваат нови дискови на сопирачките и 18 инчни гуми, како и комплетна доработка на кабината.
Вториот модел на Gazoo Racing GT 86, има supercharger и turbocharger мотор кој што на моделов му ги дава споменатите 315 КС, наспроти стандардните 200.
Но да не ве гњавиме премногу со технички детали, видете како изгледаат овие две екстра добри автомобили.
Види ја нашата нова WELCOME страница на Facebook.
Врати се на првата страна.