Во почетокот на оваа година, на саемот во Geneva беше лансиран Audi TT RS Plus, сега ние ќе ви го претставиме!
Станува збор за новото Coupe на познатата германска марка, набилдано со 355 коња, и со цена што се движи од 50 до 55 000 евра. Оној ’пеоефтиниот‘ е Roadster со S-Tronic, дупол кумплуг при преносот на брзините, а оној малку поскапиот има 5 цилиндричен 2.5 литарски мотор со turbocharger кој што продуцира екстра 20 коњски сили со кои се доаѓа до гореспоменатите 355 КС, а забрзувањето до стотка го прави за 4.1 секунда. Максималната брзина на овие два модела се движи од 255 km/h кај првиот и 290 Km/h кај вториот и секако на него се додадени спортскиот издувен систем, 19 инчните тркала и конструкција од карбонски влакна – севкупно, еден пакет кој без разлика на вашите сексуални преференци, ќе ве постави на прво место меѓу маалските фраери!