Луѓето од Volkswagen добро знаат дека љубителите на еден од нивните најпопуларни модели секогаш е in помеѓу љубителите на коли, а исто така и дека cabrio верзиите секогаш само надодаваат плусови кај љувителите на овој модел.
Затоа за оваа сезона и го приготвија овој турбак со 2 литарски мотор и 207 коња, кој што сите Golf џанкери ќе ги крене стотка на саат за нешто над 7 секунди. А доколку тоа ви е споро, ќе можете да направите екстра ’flash‘ од 0.4 секунди, доколку купите бензиски модел, па така забрзувањето до 100 ќе можете да го направите за 6.9 секунди и се така да терате до 240 на саат.
Инаку Кабриолетов ги има сите карактеристики и особености на стандардниот Golf, секако само со мек, црн покрив кој што се затвара и отвора за 9.5 секунди. А доколку сте во вожња и одеднаш започне да истура дожд, а имате пријателка до вас која што ви ја проверува функционалноста на простатата и чисто за да не ú го скршите ќеифот, не ви се застанува, покривот ќе можете да го спуштите и во текот на ’возењето‘, ако истото не е побрзо од 30 на саат. А доколку возите побргу, полека ќе успорите (за да идната ’докторка специјалистка‘ не ве повреди) па ќе притиснете на копчето за покрив. И волкот сит и овците на број!
Ах, да! Цената ќе му биде околу 30 бона!
Врати се на првата страна.