Bugatti ја покажа новата ’ракета‘ со име ‘Wei Long’ Veyron и како што може да претпоставите од самото име кои асоцира на азијска врста на магичен ориз, наменето е за кинескиот пазар.
За да бидат најтренди на саемот за коли во Пекинг, италијанските производители ептен ја подигнаа сопствената опашка за да ги ’задоволат‘ апетитите на новопечените (читај повеќе од десет години веќе..) кинески милионери и слични на нив, па така новиот модел го именуваа ‘Wei Long 2012’. А како јаготка на шлагот на оваа нивна кинеска едиција и додадоа и скулптура на змеј (направена од порцелан се разбира) и тоа на две места: на ’телото‘ и на кабината на колава.
Инаку нема што многу да ви кажуваме за warp погонот на овој шатл од апенините, јасно ви е дека за да го возите треба да поминете НАСА курс за управување, за да воопшто можете да дури и да седнете во него. Се разбира, доколку претходно издвоите 1.5 милиони евра.
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine бесплатно на Facebook!
Врати се на првата страна.