Светот е преполн со парадокси! Фирмата која веќе три и половина декади го има еден од најдобрите погони на сите 4 тркала, во 2006 г. го издаде својот прв теренец – кој се уште е ненадминат и после поновите модели. Па, да се потсетиме…
Легендарниот Audi Quatro уште пред таа 2006-та одамна веќе беше станат најголема икона во светото на превозот со погон на сите 4 тркала. Но споменатата година, фабриката во Ingolstad (најмногу сакаме кога ќе го споменеме името на градот каде што се произведува автомобилот – тогаш тоа звучи онака ’учено‘, како да читате некој сериозен чисто автомобилски магазин) за таа зима пред 6 години го најави влезот во се попопуларниот сегмент на теренски возила, низ светот популарно означени со кратенката SUV, а кај нас просто и едноставно – Џип.
Audi Q7 до тогаш постоеше само како концепт – прво во облик на coupe теренецот Steppenwolg, а накнадно како high-tech прототип на Pikes peak, на кој во една прилика дури можевме и да се ’лизнеме‘ на скопскиот авто саем.
Две години покасно се појави и во завршена, готова форма, спремна за поход по новчаниците на богатите и славните. Со почетна цена од 50 000 евра, тогаш новиот Q7 се најави како честа појава помеѓу автохтоните македонски 30 годишни пензионери и вечни студенти на право со успешна кариера во угостителството и високи политички амбиции.
Луксузната минималистичка внатрешност ви овозможува превоз на дури 6 најдобри другарки, во три реда во кожа облечените седишта. Додека во ретровизорот ќе ’паѓате‘ на нивните препланети и насмеани фаци, вашето стопало ќе притиска на педалото за гас на еден од двата монструми – бензискиот V8; 4.2 со 350 КС или пак дизелашот 3.0 со 223 КС. Алуминиумската традиција на шасијата продолжи и со овој модел, а за некое евро плус, може да ви направат и посебно адаптибилен под на воздух. Целата сила на електрониката се грижи за сигурноста при возењето, а Q7 може да се пофали и со најголем простор за нозете во класата. Нашите 6 тетки комплетно опуштени во модерниот ентериер, сигурно ќе најдат начин да ве наградат за таквата грижа кон нивните ножиња.
Со преубав дизајн, Audi Q7 од 2006 остана најопасна конкуренција и после појавувањето на неговиот наследник (впрочем затоа и ви пишуваме за него), на сите останати теренци кои имаат и поголема традиција на ова поле и во овој вид на луксузнава класа. А доколку ги имате отворено очите додека се движите низ градот, сигурно во овие две, три години сте го забележале по улиците и патиштата како најпопуларен сегмент во нашата мала земја за голиме автомобили.
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine бесплатно на Facebook!
Врати се на првата страна.