Францускиот претендент со години наназад за освојувач на насловот на првак во Formula 1, пред 4 години го спреми својот коњ на трка во SUV категоријата, а во истовреме Јапонците пак имаа нешто за луѓето кои се грижат за мајката земја.
Точно е дека имаат поминато неколку години откако моделиве се појавија како концепти за прв и откако беа претставени на саемите за автомобили, но причината поради која сега ние ви ги претставуваме е тоа што знаеме дека нашите читатели не се робови на момнетот и на ’најтрендот‘, туку пред и изнад сé им е квалитетот. А во овие два модела кои што ќе ви ги презентираме, обете работи ги има и на претек. Но, да почнеме по ред…
RENAULT EGEUS
Францускиот SUV прв пат беше покажан како концепт на Франкфуртскиот саем за автомобили во 2005 година (на жалост се уште го нема видено сериското производство, но не значи дека ја нема помирисано реата на асфалтот – се продава само по индивидуана нарачка), а првиот готов модел излезе после годинаипол. Иако до сега ги снема повеќето иновации ки ги претстави моделов, како на пример – вртење на седиштето на возачот кон вратата при влегувањето од комплетно стаклениот кров, сепак остана V6 дизелашот od 250 KS I 7 степенски автоматик на новата генерација. После неуспешните обиди за влегување за влез во престижниот сегмент на моделите Avantime и Vel Satis, моделот Egeus тогаш претставуваше искра на надеж, но која не се распламти во целиот сјај. Но секако, тоа не е причина ние да ви го претставиме на вас и да придонесеме кон збогатувањето на вашето знаење.
LEXUS RX 400H
Луксузната марка на Toyota дојде на европско тло, а доколку сте забележале, уште пред некоја година (моделов прв пат беше презентиран во 2006, а на пазарот се појави наредната година) го има и во Македонија. Со популарните coupe и лимузински модели, Јапонските генијалци припремија и нешто и за еколошки свесните љубители на градските теренци – првиот SUV со хибриден погон (тоа е и главната причина поради која ви го прикажуваме). Познатиот Hybrid Synergy Drive на Toyota направи спој од класичниот бензиски и два електромотори, а резултатите беа импресивни! V6 моторот има 270 КС, а со традиционалниот квалитет на Lexus, RX 400H ги понуди и сите најосновни состави на сигурност и управување – и што е најважно, по разумна цена. Погледнете!
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine бесплатно на Facebook!
Врати се на првата страна.