Зошто втори дел? Па никогаш не мора да значи дека од прва ќе се ќарите со првите два фраера кои што ќе ви наместиме, нели?
Иако ние многу ретко (читај – НИКОГАШ) не грешиме, сепак ви ја оставаме вратата отворена за повеќе опции (мала оргиица никогаш не е на одмет, зарем не?). Сепак мислиме дека денешниов избор кај вас ќе изврши влијание да го направите конечниот и вистински избор за вас – девојки и мажи во хулахопки! Па така, продолжуваме онаму кај што застанавме…
CLIO RENAULT SPORT
Наследникот на Williams
Кога се појави на крајот од 2006, Clio Renault – sport напиша нови правила во класата. Под хаубата се збрцан огромен 2.0 16V мотор од кој се извадени 197 КС, со големи 215 Nm, со 5 500 вртежи во минута.
Овој автомобил е створен за класична демонстрација на сила и позиција на фирмата во F1 натпреварувањето, па затоа Brembo направи посебни кочници, Recaro посебни седишта, a вметнат е и реално непотребен дифузер кој на задната страна и дава нај – mothafucka изглед. Clio RS забрзува за 6,9 секунди до стотка и си тера во тој стил се до 220 на саат. Цената од скоро дваесет илјади малку удара на холестеролот, но сега… што да се прави? Во секое добро по малку и зло!
FORD FIESTA ST
Секојдневната леснотија на брзината
Fiesta ST од 2007 е најмоќната Fiesta до ден денес, благодарение на 2.0 Duratec бензинецот и чисти, како од мајка родени 150 коња! Изгледа изврсно (дури вкусно, гулп..), крца од опрема, а уште подобро се вози. Во серија добивате сé што може да ви падне на памет (хм…па добро, не баш сé – некои од нас имаат поприлично бујна фантазија), а за неколку стотина евра се добива и шминкерска верзија во бела боја, со две сини пруги преку каросеријата.
Откако ќе ги одлепите жедните очи од меѓуножјето на девојката која обично е на левата страна од кабината, ќе сознаете и дека Fiesta ST оди до 210 km/h, со забрзување од само 7,9 секунди. Со престижниот потпис на Ford-овиот ST оддел и прекрасни возни особини, како адут ја има и цената од околу 17 000 евра до регистрација.
MINI COOPER S JCW GP
E@#¢ξ скап, но и е@#¢ξ луд!
Сигурно сте забележале дека Mini Cooper – от честопати е присутен во нашите листи, осврти ’ревизии‘ и слично. Е овој пат е точно дека е тоа така затоа што имаме и фетиш кон оваа кола. А извинувањето за цензурираните псовки (што да правиме, уредникот ни е многу конзервативен тип) во поднасловот ќе го дадеме, но што друго можевме да направиме, кога други зборови е навистина тешко да се пронајдат. Ултимативниот уличен Mini воедно е ultimate и во секој друг поглед кога е во прашање било која кола. Нема конкуренција во класата, па дури и во класите над!
JCW означува службен tuner, компанијата John Cooper Works, а GP моделот доаѓа со supercharger 1.6 мотор со 218 коња, забрзување од 6,4 секунди и максимална брзина ограничена на 235 на саат – поради сигурноста. Сé на овој автомобил е направено од композитен материјал, карбон, керамика и слични ефтини материјали. Огромните бандажи од 18 фелги без поставени само на 2 000 примероци, со цена од некои си 32 000 евра. Но во секој случај, сите се одамна продадени, но веќе 3 години го има и во салоните.
Врати се на првата страна.