Веднаш да стане јасно: ова не е текст за женски фетиш, туку водич или уште подобро, наш избор за најприкладни автомобили за нашите читателки, девојките!
А самиот наслов го избравме како логичен заклучок на нашето скромно знаење за желбите на понежниот пол кога станува збор за коли. Бидејќи девојките сакаат мали но ефективни работи (поголеми од кифла, а помали од Југо) кои што им го развеселуваат животот, затоа во овој избор автомобилите се воглавно од А класата. Еден вид на „Cinculator Бричеви“.
VW POLO GTI
Исти како Golf, само ’стеснет‘ после перење
Polo GTI на Volkswagen e најсилното Polo во триесет и петте години на постоење. Мораме веднаш да напоменеме дека слична реченица на оваа ќе повтараме за секоја од ѕверкиве кои ќе ви ги претставиме во овие два дела. Оваа мала и градска тркачка машина од Wolfsburg е на погон од 1.8 литарски турбак, кој што го зазема секој слободен сантиметар под хаубата.
Сличностите со големиот брат Golf GTI се намерни – трите буквички означуваат врвни перформанси, а малиот Polo не е исклучок: 8 секунди до стотка и крајни 210 km/h. За стабилноста се грижи професионална и спортски доработена шасија, со искуство од трките. На нашиот пазар Polo GTI се појави на почетокот од 2007, па така веќе и кај нас го има во доволни количини и верувајте дека ова што ви го кажавме може да ви го потврди секој сопственик. Но затоа е идеален поклон за жена од која сакате да се ’отарасите‘ на содржаен начин.
CITROEN C2 VTS
Опасен играч со ’мала‘ потрошувачка.
Најсилниот мал Citroen на сите времиња доаѓа со секвенцијален менувач и педали зад воланот. Шминкерските детали продолжуваат со фолирантските 16 – колни алуминиумски бандажи, ’магленки‘, затемнети стакла и спортски седишта, а сето тоа е во служба на 1.6 бензинец со директно вбризгување и сила од 110 коња.
Главен адут му беше релативно ниската потрошувачка (но тоа не може да се каже и за денешни услови, 4 години покасно), бидејќи во просек троши околу 8 литри (опс, ур!). Но од друга страна е извонреден за преминување на моделите од таканаречениот среден сегмент по автопатот, додека за семафорските просеравања сепак му фали една поштена турбина. Бројките говорат дека забрзува за 11 секунди, со конечни 195 на саат, а за цената може да видите на Pazar 3.
Врати се на првата страна.