Припремивме мал серијал за нашите читатели кои покрај автомобилите, исто така се љубители и на квалитетни машини на две тркала.
При изборот на моделите не се раководевме според трендот и она што е најново на пазарот, туку едноставно ги избравме оние примероци кои беа актуелни во целата претходна декада, а кои со квалитетот отскокнуваа од останатите. Се надеваме дека ќе ви се допадне нашиот избор. Ова е првиот дел:
DUCATI SPORT 1000
Некогаш одамна, околу 1972, моделов се викаше Ducati 750 Sport. Разликата е во 250 ccm. и уште некои ситници.
На пример, ’вилиците‘ се Marzocchi, баш како и на моторот со слично име од почетокот на седумдесеттите, само што сега се 43 mm. и се свртени наопаку. Моторот и понатаму има два цилиндри, но во новиот café-racer се развива сила од 61 КС, a сé на куп тежи лесни 179 килограми, односно 6 помалку отколку во 1972г. Скроз на скроз ретро и ваш е за некои 11 000 евра.
VICTORY VISION 800
Создаден е да измами повратни информации од бајкерите, кои традиционално ги сокриваат емоциите.
Сé што ни кажаа е дека бројот во името означува зафатнина на четиритактен, со вода ладен агрегат, дека истиот е вграден во алуминиумски оквир, дека моторот нема кумплуг, нити менувач, туку користи CVT (Constant Variable Transmission) и дека е долг 1 549 mm. Сега од нас сакаат да дознаат што мислиме. Ако смееме да забележиме, нема место за танк – торба, а сé останато што имавме да кажеме, го пријавивме на производителот на www.Vision800Survey.com
DUCATI HYPERMOTARD
Кога би го имала типка како Маја Вуќичевиќ, би го влечела со раченцата за воланот по цел ден и би му викала „Бештијо!“
Ние истото тоа би го правеле со неа, но од сето тоа ништо: станува збор за фантазии и концепти. Додуша, Ducati си играше со живците на фановите додека се реши дали ќе тргне или не во сериско производство, а има некои трачери по интернет кои пуштаат муабети дека примероци за избрана клиентела се пуштени во продажба уште 2008. Моторот има два цилиндри и 100 КС. А Маја Вуќичевиќ има…
Врати се на првата страна.