Buick во Кина е една од најпопуларните автомобилски марки. Ете каде води пола век сонување и идеализирање на Америка.
Навистина прекрасен coupe е тешко да се замисли под име и презиме на американска марка, но затоа постои конкретна причина – го дизајнираа Кинезите. Riviera е плод на соработката на американскиот и кинескиот дел на GM конзорциумот (додека постоеше во таква сопственичка конструкција), а идејата била да се направи концепт кој до 2008 ќе прерасне во функционален автомобил за младите и богати Кинези.
За секоја пофалба, нема што! Riviera ќе го (или би требало да пишеме ’требаше‘, затоа што малку и нив ги прегази кризата – истата онаа која што и нас Македонците не остави без економски инвестиции) стави во погон хибридниот мотор, а доколку влезе во сериско производство (што искрено го посакуваме, бидејќи ќе видите на фотките подолу, колата изгледа како авион), се надеваме дека ќе помине подобро на crash test-от, за разлика од другите кинески автомовили.
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.