Нам, во редакцијата на Stipka.com.mk, (веднаш ќе признаеме), американските спортски коли се ни слабост и лично мислиме дека ретко кој од европските или јапонските може да се мери со нив.
Моќта која што ’блика‘ од нив и изгледот кој што не се заснова само на технолошките иновации се она кое што остава најголем впечаток. Точно е дека италијанските ’space ship-ови‘ изгледаат како да се дојдени од друго време и друга планета, а и брзината најчесто им е неспоредлива со останатите, но сепак, моќта што ја зрачат Америте, ни остава впечаток како да станува збор за 300-те Спартанци на Frank Miller, против перфектни Star Trek или Star Wars воини. Не велиме дека сме 100% во право, но и ние си имаме право на свое мислење, а одамна е познато дека за вкусовите не вреди да се расправа и дебатира. Затоа ќе продолжиме онаму каде што застанавме во претходниот дел.
Во денешно време секој може да направи силен и моќен автомобил, на овој или оној начин. Американскиот одговор на тоа уште од пред некоја година е ултрамодерен и исто толку брз Chrysler ME 4 -12 . Неевропскиот дел од глобалната корпорација, профитираше од својот европски братучед и со помош на неговиот заштитен знак, AMG, создаде бескомпромисен суперавтомобил, кој веќе неколку години ги ужива предностите на ’летање‘ по американскиот highway.
CHRYSLER ME 4 – 12
(Инстант ѕверка)
Само 18 месеци им требало на инженерите на Chrysler, да го создадат еден од апсолутно најмоќните автомобили на светот. На сето тоа, концептуалниот ME 4 – 12 е прв Chrysler со средишно поставен мотор (доста битен проблем кај спортските автомобили). Иако и самиот има голем V 12 мотор од шест литри, за да се постигне посакуваната силина, морало да се посегне по европски помагала. Имено, моторот го имаат изработено AMG, а силата од дури 800 КС и 1150 Nm, се добива со помош на четири турбини.
Нешто повеќе од 1,3 тони (малку повеќе од Golf 5) тешкиот Chrysler, до 100km/h оди за три секунди, до 150 за шест. Максималната брзина му е невозможни 400 km/h, што е овозможено од седмобрзинскиот ултрамодерен (со дупла ’спојка‘) менувач на специјализираната фирма Ricardo. Од сите можни high tech новости, ќе споменеме само една од основните: монструозни композитни сопирачки со размер од 381mm.
На жалост, до денешен ден се уште нема влезено во сериско производство (под ова не мислиме на буквално, да ги штанцаат како гореспоменатите Golf-ови), иако беше најавуван дека ќе може да се види по улиците во 2005, евентуално 2006. Но, еве веќе 6 години се уште се чека на….а ако некогаш го осети мирисот на асфалтот, тогаш секако ќе биде само за избрана клиентела.
• FORD MUSTANG GT
(Како добро вино..)
Во ова одбрано друштво, овој Mustang е како мал тинејџер. Ford во својата ергела има вистински суперавтомобил, Ford GT, но сепак Mustang-от е отелотворување на вистинскиот американски автомобил. Непрекината традиција уште од 1964, секоја генерација на Mustang беше икона на своето време. Приказната пак се повторува, затоа што Mustang е вистински Амер: V8 мотор со големи 4,6 литри и 300 КС. Европејците или Јапонците на тоа само би се насмеале, бидејќи со својата технологија тоа можат без проблем да го надминат. Сепак, последниов модел на Mustang прв влегува во арената со 300 коњи.
Но сепак, времињата се менуваат. Овој модел на Mustang можеше да се купи за 20 000 $, што го прави најефтина кола со 300 КС во продажба. Како и посилниот брат Ford GT, Mustang е и од надвор и од внатре со изглед на retro look спортист, направен по примерот на Mustang-от од 1967. Овој модел на Ford-овиот спортски автомобил е и доста луксузен. Помеѓу останатото, купувачите за својот Ford можат да нарачаат и аудио состав од 1 000 вати.
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.