Дали Remix-от е наследник на популарниот гроб на тркала, познат како CR-X?
Затоа што токму тоа легендарно, 990 килограми тешко парче шасија, во коe е збрцан мотор, со силина од 110 КС (дури 160 во 1.6VT верзијата), беше и остана најпопуларниот убиец на автопатите и улиците. Единствено побргу од патот до гаќичките на недолжната сопатничка, беше времето кое што ви е потребно за целиот автомобил да ви се намота околу главата и при најмалиот судир.
Дваесет години покасно излезе и можниот наследник во концептуален облик! „Чиста Honda и тоа до срж, Remix концептот се фокусира на едноставната, лесна и забавна за возење филозофија“, вели John Mendel, потпретседателот на American Honda. „Концептот балансира помеѓу доблестите на спортските автомобили, со прагматизмот на реалниот свет“.
Што повеќе би додале ние на ова? Дајте ни полна спецификација!!
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.