Реклама
Престиж

Giugiaro Ford Mustang – поубав, здравје!

Реклама

Студиото Guingiaro го ’докачи‘ Mustang GT моделот и од класична американска спортска лимузина, направи европски мрачен предмет на желбите….

Маркетинг

Во 2005, Fabrizio Giugiaro, стилскиот директор на Italdesign Giugiaro, отиде во Ford Motor Company да го дизајнира идниот концепт, инспириран од петата генерација Ford Mustang. И на одговорните луѓе во вториот најголем американски производител на автомобили не им требаше многу за да ја прифатат неговата идеја за европска интерпретација на најпознатата и најпосакуваната машина што има излезено од нивната фабрика. Едноставно, имаа доверба во наследникот на Giorgetto Giugiaro, кој своевремено беше главниот инструмент за дизајнирање на 1965 Bertone Mustang, како и Chevrolet Corvette Moray.

Она што следеше беше следното: стаклен кров, нова внатрешност, карбон, V8 мотор со 500 КС, два supercharger-и и механика од Ford GT. Ултраспортска ѕверка, на пола пат помеѓу Aston Martin DB9 и BMW М6, обоена во металик портокалова боја, само со енормната величина и препознатливата маска асоцира на славната американска марка. Никогаш не влезе во сериско производство, но за соодветна надокнада, од Guingiaro ќе ви сложат личен примерок. Затоа не треба да се зачудиме ако некој таков видиме низ Кумановско поле….

Маркетинг

alt

alt

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button