Реклама
Престиж

Alfa Romeo 8C Competizione – Едноставно прекрасна

Реклама

Ќе направат ли во Alfa Romeo конечно еден автомобил во кој сопственикот ќе ужива повеќе од автомеханичарот? Ќе покаже времето….

Маркетинг

Иако шегата во поднасловот е толку стара, да за неа се фаќаат само опскурни кавгаџии од разно – разни интернет news групи и форуми, тешко е да се промени перцепцијата за нешто што има станато општо правило. Alfa – та веќе повеќе десетлетиа ја прати глас на згоден спортист кој постојано се расипува, на кој му пропаѓа лимаријата, кому сопирачките му се трошат побргу од маслото, а чиј што менувач е прецизен само до седмиот свиок после излегувањето од автосалонот. И сосема за цабе. Секогаш гласните ’Алфисти‘ ги губеле сите нерви во натегањето со таквите предрасуди – јавноста до својот заклучок одамна има дојдено. И бргу се има свртено кон други производители, оставајќи ја Alfa да биде ’обљубена‘, само помеѓу своите фанови, спремни да ги прифатат сите нејзини маани, само за да уживаат во нејзините предности. Испаѓа дека Alfa Romeo  е автомобил за вистински, возрасни мажи, ако се земе во предвид дека е како жените – но, доста со споредувањата!

8C Competizione го помина тешкиот пат од концепт по кој што полудеа сите што го видоа во 2003г., до модел кој шѕо почна да се испорачува при крајот на 2007 и почетокот на 2008. 8С после неколку десетлетија, ќе стана првата Alfa со заден погон – како и му доликува на секој прав спортиста – склопена на домашната шасија на Masserati, неговото подвозје и погон со мотор и менувач на Masserati. Со мотор од 4.7 V8 И 450 КС им понуди на купувачите сé и сешто, доколку беа во можност да издвојат 130 000 евра за кола чија што пола должина отпаѓа на хаубата. Во останатата половина се наоѓа кожна hi tech внатрешност, две седишта, волан со секвенцијален менувач и гепек за децата, шише скапо црно вино и по малку кавијар. А каде е местото за механичарот, ќе прашаат злобниците. Одговорот гласи: у во својот дуќан, стрпливо чека. А во овие три години, богами и се изначека……

Маркетинг

alt

alt

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button