Што воопшто значи тоа?! Кокошката пред јајцето или е збор за збунување на и онака збунетите потенцијални муштерии? Кои што би требало да поживеат.. до кога?!
Па, некаде таму до 2020г. за кога Mazda го предвидува „концептот на сите концепти“ (нешто како што Клеопатра била кралица на сите кралици), наречен Nagare, ќе го помине својот пат до вистински концепт, а потоа и до вистински модел од улиците. Освен што е посебна по сето она за кое што ќе кажеме неколку редови подолу, Nagare е посебна и по до сега невидениот рекламен трик кој што ја нарекува ’концепт на концептите‘, односно – концепт врз основа на кој еден ден ќе се направи концепт. Па така ние од веб магазинот Штипка ја користиме оваа прилика и да им се заблагодариме на рекламните стручњаци на Mazda што на сцена уведоа уште еден комплетно бесмислен поим. А уште малку да ве погњавиме со непотребни ствари: за очекување е некој – во смисла на оригиналноста, а по примерот на таблетите „14 во 1“ – наскоро да направи и нарече „Концепт на концептите на концептот“, а потоа само прашање на време ќе биде кога почнат да излегуваат „Концепт на концептот на концептуалните концепти“ и така натаму…..
Во меѓувреме Nagare ќе го запаметиме и по навистина преубавите линии, кои асоцираат на насоката на струите на воздухот низ аеродинамичен тунел – што всушност и била основната дизајнерска идеја.
Nagare на јапонски значи ’Тек‘, што ќе почувствуваат возачот и тројцата патници на овој прекрасен градски спој на спортист – моноволумен, комотно сместени во кавалерско – кожни, со обилк на школка, седишта. Централната возачка позиција потсетува на легендарниот McLaren F1, додека сето останато асоцира на далечна иднина, бидејќи не се знае ништо за погонот, моторот, механиката, пакетите со опрема…..баш како и што доликува на еден концепт на концептите. Но, се размислува за некаква хидрогенска варијанта на rotary motor (која се уште не постои by the way). Иако не би се изненадиле Mazda навистина и да работи на нешто такво – имено, првиот хибриден хидрогенски бензин rotary motor веќе неколку години се вградува во RX-8 моделот за јапонскиот пазар. А колку време ќе му треба и тој да заврши во концептот на концептите или пак своето место ќе си го најде во концептот како таков, ќе покаже времето.
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.