Љубителите на шведската сигурност и изработка, сигурно без многу размислување ќе го одберат егзекутивниот SUV модел, XC 90, максимално потентен, што би рекле, вистински пастув!
Со помош на V8 ѕверка во панталоните, која веќе неколку години се наоѓа во ’долниот веш‘ на најпрестижните и најнадарени модели во концернот. XC 90 има сила на 315 коњи и од 0 до 100 забрзува за 7 секунди! Стандардната конфигурација има 5 седишта и може комотно да издржи седум луѓе, со опцијата за трети ред на седишта која што се се мести за неколку минути. А доколку пак сте ’уфилмани‘ ала Tony Soprano, без проблем ќе можете да пренесувате и тела на цел кошаркарски тим во задниот дел, т.н. гепек!
Главните електронско – забавни опции вклучуваат и заден систем со два монитора, DVD навигациски систем, Dolby Pro Logic II Surround аудио систем, како и ултра луксузен executive пакет на ентериерот.
После сево ова, мислам дека без приговор ќе се сложите дека ваква ствар вреди 80 000 евренца.
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.