Реклама
Престиж

Porsche 911 – неморална понуда

Реклама

Ако посака нов Еlfer – Тurbo, просечниот вработен Македонец ќе мора целата плата да ја става на страна полни 40 години. Просечниот Кинез истата таа сума ќе ја собере за 300 години.

Маркетинг

Ништо нема харизма како со турбо погодениот елфер, вечниот симбол за бруталност, перформанси и врвни возачки карактеристики. Ова турбо автомобилче e направено пред повеќе од четири години, а Porsche ниту тогаш, во 2007 година не сакаа да слушнат за компромис. Силата на новиот 3.5 boxer нарасна до престрашни 480 коњски сили, овозможувајќи забрзување од 3,7 секунди и конечна лимитирана брзина од 330 km/h. За 12 секунди, 911 Turbo достигнува 200 километри на час, со целосна помош на секвенцијалниот менувач од генерацијата Tiptronic S.

alt

Маркетинг

Вашата пратилка со долгите нози на совозачкото седиште нема да стигне да изговори ни збор против двете ситни тајландски близнaкињи, навалени во лошиот изговор за задно седиште. Благодарение на лудиот grip погон на сите тркала, G – силата на забрзувањето ќе ја залепи во ’школката‘ обложена со кожа. Ако било што и изусти, ќе зажали при кочењето на исто така застрашувачките керамички кочници со димензии 380, односно 350 милиметри. Тоа би и било доволно за да сфати дека над 11 000 000 денари вредниот coupe е апсолутно ремек дело на автоиндустријата и дека самиот факт што седи во внатрешноста, доволно говори за комплетната излишност на приговарањето за малите сестри близначки. Но, доколку и понатаму продолжи да инсистира на објаснување, исфлете ја надвор. Кој не знае да го цени Еlfer – Тurbo, со сигурност не знае да ги цени ни слатките тајландски убавини кои се насмевнуваат во ретровизорот. А што ви е потребна таква во животот со Порше 911-ка?

alt

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button